ЈОВЧЕСКИ: Ветивме пред Вас дека ќе работиме отчетно и транспарентно и тоа го докажуваме
Почитувани сограѓани,
Ве поканувам во недела на 11.02.2024 година со почеток во 11:00 часот во НУЦК „Марко Цепенков“, на промоција за сработеното на Локалната самоуправа на Општина Прилеп во изминатите две години, 2022 и 2023.
Ветивме пред Вас дека ќе работиме отчетно и транспарентно и тоа го докажуваме. Вие преку Вашата поддршка сте нашиот мотив да работиме секојдневно на подобрување и градење на нашиот Прилеп во едно поубаво место за живеење – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.