Погледнете! Синоќа КУД “Мирче Ацев” ја воодушеви прилепската публика

Сподели го ова:






























Синоќа (15.11.2025) во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп со почеток во 19h, КУД Мирче Ацев – Прилеп го одржа својот годишен концерт, по повод цели 78 години од постоењето на Културно уметничкото друштво Мирче Ацев-Прилеп.

Овие години со сигурност претставуваат значаен јубилеј со кој градот Прилеп се гордее. Преку промовирањето и негувањето на традиционалните вредности, го потврдуваме нашето постоење како Македонци. А токму фолклорот, македонското оро, песна и македонската традиционална носија, говорат за вековното постоење на македонскиот народ, кој има свој идентитет и богати традиционални вредност.

Ова се луѓе со голем ентузијазам и голема љубов кон народните игри и песни, автентично ги интерпретираат на сцената обичаите од историското минато на македонскиот народ, при тоа негувајќи ја традцијата и народниот фолклор кој што е наш културен и автентичен израз.




Сподели го ова:

Слични објави