Јовчески во Битола: Прилеп за овие 100 дена доби нов детски парк, се асфалтираа улици, а ќе се пушти и нова автобуска приградска линија до населените места – Лагово, Беровци, Алинци, Тополчани, Ерековци, Канатларци и Подмол

Сподели го ова:


























„Да се биде градоначалник на сограѓани од кои извираат идеи, конкретни решенија на проблеми и проекти кои значително ќе ги подобрат условите за живот во Прилеп, не е само предизвик, туку претставува и голема одговорност затоа што имаме иста и заедничка цел, а тоа е просперитет и напредок во сите области на нашиот град. Мојата првична цел беше да се согледа состојбата во локалната самоуправа за да утврдиме со какви можности располагаме со цел остварување на ветеното во првите 100 дена“, истакна градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески на денешниот регионален отчет насловен „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт, отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.

Јовчески укажа дека кога ја презел локалната власт, на општината вкупните обврски, во кои спаѓаат тековните обврски, долгорочните обврски и обврските по договори за јавни набавки претставуваа висок износ од 292.562.164,00 денари или околу 5 милиони евра. Односно тековните обврски изнесуваа 32.196.697,00 денари, долгорочни обврски изнесуваа  112.415.339,00 денари и превземените обврски по јавни набавки се 147.950.128,00 денари.

„Почнувајќи од 01.01.2022 година воведовме и еднократна финансиска помош за секое новоредно дете во општина Прилеп, нешто што досега не се случило и претставува нов проект и голема помош за сите прилепчани. Преку субвенционирање на семејствата со доделување на еднократна парична помош од 6.000 денари материјално ќе се помогне во покривање на дел од првичните трошоци на семесјтвата за обезбедување на соодветни услови за новородените деца, исто така ќе влијае и на поттикнување на наталитетот а со тоа и зголемување на природниот прираст во нашата општина. За реализација на Програмата во Буџетот на Општината за 2022 година се предвидени средства во висина од 3.600.000,00 денари“, појасни Јовчески.

Јовчески додаде дека досега се изведени 3.040 метри од новиот цевковод. Вкупно проектот изнесува 3.840 метри. Со градежните работи односно доизработка на 213 метри ќе се продолжи од 10-ти февруари, а ќе се завршат до крајот на месец февруари, за кои што има обезбедено финансиски средства. Во понатамошниот период останува ЈКП „Водовод и канализација“ во соработка со Општина Прилеп да ги заврши преостанатите 587 метри.

„Најголемо внимание ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, во координација со локалната самоуправа, посвети на чистење на дивите депонии. И покрај тоа што временските услови не ни овозможија непречена работа, сепак успеавме да исчистиме над 1.200 м3 мешан комунален отпад и градежен шут од многу локации низ градот и околните викенд населби каде што долго време не било исчистено и реагирано по однос на овој проблем. Изградивме нов детски парк на јавна површина во кругот на градската болница во Прилеп. Детскиот парк се изгради на барање на жителите од овој дел на градот затоа што немаат вакво катче во близина, а со оглед на тоа што во тој реон нема друга слободна јавна површина, одлучено е паркот да се изгради во кругот на болницата. Паркот е со површина од 200м2, и содржи детски реквизити за забава, клупи за одмор и релаксација, и со оградена површина заради безбедност“, истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави