“ТЕПАЧКИ” ВИКЕНД: Физички пресметки во с.Врбјани и Кадино село
На 19.08.2023 во 19.00 часот во ОВР-Прилеп В.В.(70) од с.Пашино Рувци пријавил дека околу 18.00 часот пред продавницата во с.Кадино Село бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.08.2023 во 22.36 часот во Полициско одделение Кривогаштани Д.Н.(44) од с.Врбјани пријавил дека околу 22.25 часот пред продавница во с.Врбјани бил физички нападнат од Д.Н. од с.Врбјани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.
