Јовчески: Прилеп – дел од Б40 мрежата на балкански градови!

Сподели го ова:






























Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески истакна дека Прилеп е дел од Б40 мрежата на балкански градови!

“Имавме чест да учествуваме на 2025 Sofia Summit – B40 Balkan Cities Network, каде што заедно со градоначалници од целиот Балкан дискутиравме за иднината на нашите градови. Фокусот беше ставен на иновациите, зелената транзиција, дигиталната трансформација и економската соработка, како главни двигатели на развојот.

На самитот се разменија идеи за:

✔️Одржливо урбано планирање и зелена енергија

✔️ Паметни градови и дигитални решенија за поефикасно управување

✔️ Јакнење на локалната економија и културната соработка

✔️ Финансиски можности за инфраструктурни и климатски проекти

Овие теми се од особено значење за Прилеп. Нашето учество во оваа мрежа ни овозможува пристап до нови знаења, партнерства и финансиски извори што можат да придонесат за подобар квалитет на живот на нашите сограѓани.

Продолжуваме да работиме посветено за модерен, одржлив и развиен Прилеп!” – порача Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави