Митрополит Петар: Се покажа дека прашањето за МПЦ не е канонско, туку политичко
Ете сега веќе доаѓа до израз дека нашето прашање за црквата не било црковно туку било политичко и ден денеска од нас не се бара, не се кажува, не се тврди дека имаме било какви проблеми со каноничноста на црквата или со верата и учењето туку исклучиво од нас се бара да се откажеме од нашиот идентитет, потенцираше Митрополитот Петар на одбележувањето на празникот на Светите Браќа Кирил и Методиј за „ ТВ Сител“.