Јовчески и Проданоски на ифтарска вечера со нивните сограѓани од исламска вероисповед
Празнувајќи го сеуште големиот христијански празник Велигден и во време кога припадниците од исламска вероисповед го слават месецот Рамазан, со оваа заедничка вечера дефинитивно се испраќа порака дека празниците, нашата вековна традиција и обичаите се тоа што мора да не обединува, за и понатаму да градиме заедничка иднина.
Заедно да чекориме кон успех и просперитет тука каде што е нашето огниште, во Република Македонија! На сите припадници на исламската вероисповед им посакувам празникот да го дочекаат во мир, хармонија и добро здравје заедно со своите најблиски – истакна Јовчески.