Јовчески и Проданоски денеска остварија успешна средба со амбасадорот на Република Италија Андреа Силвестри

Сподели го ова:


Можно е да е слика од 6 луѓе и луѓе што стојат

Прилепскиот градоначалник Јовчески и Претседателот на Советот Дејан Проданоски, денеска остварија средба со амбасадорот на Република Италија-Андреа Силвестри. Средбата беше реализирана во кабинетот на Градоначалникот Јовчески. Прилепскиот градоначалник упати надеж дека во иднина Општина Прилеп и Италија ќе имаат меѓусебна-успешна соработка која што во иднина ќе се продлабочува на културно, спортско и економско поле. Веднаш после средбата Јовчески истакна: “По отворањето на изложбата „За прв пат“ во НУЦК „Марко Цепенков“, во мојот кабинет заедно со претседателот на Совет Дејан Проданоски остваривме кратка средба со амбасадорот на Република Италија Андреа Силвестри. Се надевам дека нашата соработка, на големо задоволство од двете страни ќе се продлабочува во иднина не само на културно и спортско поле, туку и на економско. Во знак на почит симболично му доделив плакета на амбасадорот Силвестри за „Пријател на Прилеп“-истакна Јовчески. Колку да напоменеме, ова не е прва средба на новата локална власт во Прилеп со амбасадор на странска земја, бидејќи претходно Градоначалникот Јовчески имаше остварено средби со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс, средба со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, а исто така Јовчески имаше реализирано и протоколарна средба со амбасадорите на  СР Германија, Анке Холштајн и на Република Франција, Сирил Бомгартнер. Сето ова говори дека Градоначалникот Јовчески и Претседателот на Советот Дејан Проданоски, се во постојани контакти со поголемиот дел од амбасадорите, се со цел остварување на средби и разговори кои што ќе вродат со плод за Прилеп и Прилепчани.

Можно е да е слика од 2 луѓе и луѓе што стојат
Можно е да е слика од 6 луѓе и луѓе што стојат





Сподели го ова:

Слични објави