|

ВИДЕО: Комфи Ангел – генерален спонзор на традиционалниот турнир во мал фудбал „Св.Никола 2022“

Сподели го ова:























Се’ е подготвено за одржување на традиционалниот турнир во мал фудбал „Св.Никола 2022“ велат организаторите на турнирот, Здружението на спортови „Марков град 2022 – Прилеп“. Покровител на турнирот е Општина Прилеп, генерален спонзор на турнирот е компанијата Комфи Ангел, а во поддршка се вклучуваат и други општествено одговорни компании како и Регионалната Стопанска Комора.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески го истакна задоволството што турнирот повторно се одржува:
„По три години пауза, активно се враќа традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2022“. Жалам што при сите обиди, не успеавме турнирот да го организираме во Универзална сала, но како алтернатива, дојдовме до реализирање на овој турнир во спортската сала на ООУ Добре Јованоски . Оваа година покровител на турнирот во мал фудбал е Локалната Самоуправа на Општина Прилеп која дава максимална поддршка на спортот. Од 10 до 25 декември ве поканувам да уживате во мајсториите на фудбалерите и во возбудата на турнирот во мал фудбал кој воедно ќе има и хуманитарен карактер“ – истакна градоначалникот Јовчески.

Претседателот на здружението на спортови Марков Град, Александар Крстески смета дека и покрај помалиот капацитет на салата во ООУ „Добре Јованоски“ љубителите на малиот фудбал во голем број ќе присуствуваат на натпреварите. Организаторите очекуваат на турнирот да земат учество над 900 учесници, а ќе има и репрезентативци од футсал репрезентацијата на Македонија.
Македонче Дуртаноски , член на организациониот одбор истакна дека влезниците на турнирот, кои ќе почнат да се продаваат од првиот ден, всушност ќе претставуваат хуманитарни купони, што значи дека сите собрани средства од продажбата на влезниците ќе бидат донирани.
„Влезниците ќе бидат со симболична цена од 50 денари а капацитетот на салата каде ќе се играат натпреварите е од 300 столчиња. Предвидено е турнирот да оди во живо преку “live stream” на натпреварите кои ќе се играат по завршувањето на групната фаза како и ждребот, одосно извлекувањето за групите. Инаку екипите ќе бидат поделени во осум групи по четири екипи, ќе играат по систем секој со секого , а двете најдобро пласирани од групата продолжуваат понатаму.“ – рече Дуртаноски.
Инаку, наградниот фонд на турнирот во сениорска конкуренција ќе изнесува: за освоено ПРВО место 240 000 денари , за ВТОРО место 120 000 денари и за ТРЕТО место 60 000 денари. Што се однесува до пионерските натпревари, наградниот фонд се планира да биде доделен во спортски реквизити , топки и плакети.
Покровител на турнирот е Општина Прилеп, генерален спонзор на турнирот е компанијата Комфи Ангел, а во поддршка се вклучуваат и други општествено одговорни компании како и Регионалната Стопанска Комора.



Сподели го ова:

Слични објави