Јанчев: Имаме обврска и аманет од нашите предци да ја чуваме, сакаме и почитуваме нашата Македонија

Сподели го ова:


























Денеска, македонскиот народ пред 83 години тргнале храбро да се борат против фашистичкото зло, со што го означиле почетокот на народното востание на Република Македонија, за слобода од бугарскиот окупатор. По повод денешниот празник 11-ти Октомври, градоначалник на Општина Кавадарци Митко Јанчев, до македонскиот народ упати силна и моќна порака во која се вели:

Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание. На овој ден започна востанието против фашистичката окупација и беше најавена организираната народно ослободителна борба, со желба за самостојна, суверена и слободна држава.

Имаме обврска и аманет од нашите предци да ја чуваме, сакаме и почитуваме нашата Македонија. Да бидеме доследни на тоа и да се бориме со исправена глава.

Секој ден, не само денес!

За многу години денешниот празник!

Да живее Македонија!- порача градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.




Сподели го ова:

Слични објави