Извршен увид на улицата “Радовишка“ од страна на градоначалникот Јовчески

Сподели го ова:


Градоначалникот Борче Јовчески денеска изврши увид на улицата “Радовишка“ каде е поставена нова канализациона мрежа и истата улица веднаш после зафатот е тампонирана. Улицата е со должина од 180 метри и ширина од 5,5 метри. Улицата “Радовишка“ се наоѓа во населбата “Гоце Делчев“. Колку за потсетување, градоначалникот Јовчески пред само десетина дена ја превзеде градоначалничката функција, а од тогаш, секојдневно постојано е на терен- скицира, анализира и превзема чекори во интерес на граѓаните.





Сподели го ова:

Слични објави