РЕМЕК ДЕЛО: 1200 ученици од Прилеп формираа Македонско знаме
После 5 години во Прилеп се возобновува оваа прекрасна традиција на формирање на македонското знаме во центарот на градот, кое е дел од годинешната богата програма по повод 11 Октомври! Станува збор за перформанс во кој што учествуваа околу 1200 ученици, од сите основни и средни училишта од општина Прилеп.
Овој чин нас не прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности, кои се втемелени во сите сегменти од нашиот град и држава, за слобода и демократија на македонскиот народ, како и за создавањето и градењето на почит кон татковината од најмлада возраст, како клучен фактор за развивање на чуството кај младите луѓе да си ја сакаат, почитуваат, штитат и чуваат татковина, и да ги почитуваат сите нејзини национални белези и симболи – истакна Јовчески.