Известување од ЈКП „ Водовод и Канализација “-Прилеп

Сподели го ова:





























Почитувани сограѓани,

ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп Ве известува дека од 30.05.2022г. започна да се реализира проектот за реконструкција на крак од улицата “Борка Талески” во должина од споменикот Пеце Атанасоски до основно училиште Кочо Рацин.

Овој проект кој е дел од развојната програма на Општина Прилеп за 2022г. предвидува фаза во која ќе се врши реконструкција и на водоводната мрежа, со што ќе треба да се подобри квалитетот на водоснабдувањето и можните дефекти во иднина на овој крак од улицата.

Со спроведувањето на овој проект, се впуштаме во еден поголем зафат кој ќе бара разбирање и трпение од граѓаните, но и од локалната бизнис заедница која ќе биде засегната од работните активности кои ќе следуваат.

Ние како јавно претпријатие “Водовод и канализација” Прилеп ќе се потрудиме со нашите тимови ефикасно и ефективно да го завршиме работниот дел со водоводната мрежа од кој ќе има застој во водоснабдувањето на делови од старата чаршија.

Позитивниот бран на промени мора да биде пошироко прифатен, со разбирање за градежните зафати кои во мала мера ќе предизвика и одреден застој во движењето и делувањето.

Со почит и молба за разбирање,

ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави