ЧЕСТИТКИ: Прилепскиот народен театар е во првите три театри во нашата земја по бројот на посетеност
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот 2021/2022 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 168.8 %, исто така и бројот на посетителите е зголемен во однос на периодот 2020/2021 година. Просечниот број на посетителите на една претстава изнесува 152. Во периодот 2021/2022 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е зголемен за 185.4 %, исто така и бројот на посетителите е зголемен во однос на периодот 2020/2021 година.
Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е зголемен за 200 %, исто така и вкупниот број на посетителите е зголемен во однос на периодот 2020/2021 година.
Во периодот 2021/2022 година, бројот на посетителите на Филхармонијата е зголемен во однос на периодот 2020/2021 година.
Кај професионалниот ансамбл за народни игри и песни, во периодот 2021/2022 година, во споредба со 2020/2021 година, е забележано зголемување на бројот на самостојните приредби (концерти) и на бројот на посетителите.
Единствен македонски професионален театар што имал просечна посетеност поголема од 200 гледачи бил тетовскиот театар, и неговите претстави ги гледале 204 лица. Втор театар е професионалниот ансамбл од Ѓорче Петров, а потоа следуваат прилепскиот театар кој што имал просечна посетеност од вкупно 193 лица по престава.
Повеќе информации на следниот линк: