ИЗМЕНА ВО ЗАКОНОТ! Возење под дејство на алкохол или дроги, ќе се смета за кривично дело

Ако возачот вози под дејство на алкохол со концентрација од најмалку 1,50 г /промили во неговата крв, или пак ако вози под дејство на дроги, психотропни супстанции или пак прекурзори, согласно новиот член 403 (во предлог текстот на Кривичниот законик), ќе претставува безобѕирно управување со моторно возило, а воедно исто така ќе се смета за кривично дело.
Врз основа на новиот член 403 (во предлог текстот на Кривичниот законик), за кривично дело ќе се смета и следново:
-возeње во забранет правец
-претекнување на колона возила на непрегледно место
-возење со брзина над дозволената која надминува 70 километри на час