ДЗС: За 4,2% се зголемени цените на угостителските услуги во јули 2022 година, во споредба со јуни 2022 година

Сподели го ова:


























Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јули 2022 година, во споредба со јуни 2022 година, е зголемен за 4.2 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 6.4 % и Ноќевања за 0.2 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 15.9 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- јули 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 8.9 %, додека во однос на декември 2021 година, е зголемен за 7.2 %.




Сподели го ова:

Слични објави