Изградба на монтажни катни гаражи, изградба на кружен тек (кај Тинекс), комплетна реконструкција на влезот Крушево-Прилеп, се само дел од проектите кои ќе ги добијат прилепчани

Изградба на монтажни катни гаражи, изградба на кружен тек (кај Тинекс), комплетна реконструкција на влезот Крушево-Прилеп… Сето ова претходно наведено, го вети прилепскиот градоначалник Борче Јовчески. Ова е само дел од многуте проекти кои што ќе ги добијат прилепчани наредната година. Имено, еве што истакна прилепскиот градоначалник на социјалните мрежи: (текстот за оваа објава продолжува веднаш после рекламното соопштение за најголемиот детски спектакл кој ќе се случи во Прилеп)
“Почитувани сограѓани,
За помалку од 2 месеци започнува 2023-та година, година во која нашата општина ќе добие нов лик, онака како што заслужува. Градежната офанзива која е предвидена за наредната година е она што му е потребно на Прилеп со цел враќање на стариот препознатлив сјај.
![]()
![]()
Дел од проектите кои ќе се реализираат:
-Рехабилитација на повеќе од 50 улици, или вкупна површина од 68.000 м2;
-Изградба на монтажни катни гаражи;
-Изградба на кружен тек (кај Тинекс)
-Изградба на главен довод до населено место Канатларци;
-Комплетна реконструкција на влезот Крушево-Прилеп, односно улицата „Леце Котески“;
Ова се само дел од многуте проекти кои ќе се реализираат во 2023-та година, а граѓаните на општина Прилеп ги заслужуваат.
Исто така ќе се посветиме и на поголема поддршка во областа на спортот, културата и одржувањето на многубројни манифестации за Прилеп и прилепчани.
Со реализација на истите ја оправдуваме довербата која од вас ја добивме пред 1 година.
Продолжуваме посветено за општина Прилеп!”- истакна Јовчески.


















