Учениците од ООУ Блаже Конески – Прилеп на обука во ТППЕ – Прилеп
Наставничките Елена Стојаноски, Катерина Јонческа и Елена Димоска Николоска заедно со учениците од 8-мо одделение, беа дел од обуката на Територијалната противпожарна единица во нашиот град за превенција од пожари.
Целта е најмладите да се запознаат со основните постапки и со важноста од противпожарната заштита, како во училиштето така и во домовите. Со ова треба да се подигне свеста на најмладите за опасностите од пожари исто така учениците да се запознаат со начинот на работа на оваа установа– истакнаа од ООУ Блаже Конески – Прилеп.
Оваа активност ја реализираа учениците како дел од предвидената програма за едукативни посети по предметот вештини на живеење во учебна 2022/23 година.