Историчарите бараат враќање на Историјата за VI одделение и мораториум на Концепцијата
Здружението на историчарите денеска преку соопштение реагира поради отсуството на Историјата во наставните програми за VI одделение, а исто така бара мораториум на Концепцијата за основно образование.
Како Здружение на историчарите на Република Македонија, чијашто повеќе од седумдецениска дејност меѓу другото е насочена кон развојот на македонската историографија и унапредувањето на квалитетот на наставата во македонската историја, потсетуваме дека многупати и тоа во повеќе форми, јавно предупредивме на негативните импликации од крајно избрзано донесената Концепција за основно образование, која што беше целосно отфрлена од сите релевантни научни и високообразовни институции– е истакнато во реакцијата.