Интервенцијата на противпожарната служба на 10 минути после полноќ
Новогодишната ноќ во Прилеп помина релативно мирно, остана забележана интервенцијата на противпожарната служба на 10 минути после полноќ, каде што веднаш пристигна и градоначалникот Јовчески на лице место во Точила каде што им даде поддршка на надлежните служби и сограѓаните. Се интервенираше на запалена тераса од стан која за среќа помина само со мала материјална штета.