Втор ден граѓаните живеат со поскапена струја и укината ефтина дневна тарифа
Со самиот почеток на оваа нова 2022 година започна и примената на новиот тарифник за цените на струјата, а исто така и за парното, при што сметките за електрична енергија ќе бидат зголемени за цели 9,48%, додека пак кај парното цената ќе биде поголема за 14,05 проценти. Од вчера ја нема ниту онаа евтината дневна тарифа, бидејќи како што нагласуваат од Регулаторната Комисија, на тој начин било избегнато поголемо поскапување. Па врз основа на ова се поставува прашањето-Дали со ваквото големо поскапување на струјата граѓаните треба да бидат среќни бидејќи поскапувањето можеше да биде уште поголемо?? Како и да е, едно е сигурно во оваа година, а тоа е дека поскапувањето на струјата ќе удри силно по џебот на граѓаните и врз нивниот семеен буџет.