“Имотен лист” од сега достапен на националниот портал – uslugi.gov.mk
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вчера вечерта имаше свое гостување на ТВ Сител, каде што тој ги соопшти новите услуги од Агенцијата за катастар на недвижности. Андоновски истакна дека имотниот лист и пет други најкористени услуги од катастарот, од оваа недела се достапни на порталот uslugi.gov.mk, при што сите центри за услуги во Скопје, во Општина Аеродром, во Јегуновце, во Куманово, во Охрид, во Битола и во Тетово граѓаните ќе можат да извадат ваков документ преку електронска услуга од катастарот.
„Што значи дека овие документи, имаат електронски печат, електронски потпис, времен жиг кој што точно утврдува кој го произвел, кој го потпишува и во кое време, што значи имаат полноправна валидност и ќе можат да се користат“ – истакна министерот Андоновски.
















