Во текот на вчерашниот ден ученици од повеќе прилепски училишта ја посетија Општина Прилеп

Сподели го ова:





























Во текот на вчерашниот ден ученици од ООУ „Рампо Левката“, „Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“ ја посетија Општина Прилеп, каде со градоначалникот Дејан Проданоски разговараа за функционирањето на локалната самоуправа и улогата на институциите во секојдневниот живот.

Особено ми е драго кога во просториите на Општина Прилеп се слуша детска смеа, љубопитност и искрени прашања. Со голем интерес дечињата поставуваа прашања, споделуваа свои размислувања и покажаа дека уште од најмали години знаат колку е важно да се сака и почитува својот град.

Ме радува што кај сите нив ја гледам истата искрена љубов кон Прилеп. Токму во нивната енергија, љубопитност и желба за подобра иднина е нашата најголема надеж. Затоа верувам дека ќе успееме, затоа што растат генерации кои го сакаат својот град со цело срце. Продолжуваме заедно да го градиме Прилеп по мерка на младите!” – истакна прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави