Артан Груби и “неговата фамилија” се најдоа на „црната листа“ на САД
Артан Груби и неговото семејство се најдоа на црната листа на САД.
„Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција, со примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) на Северна Македонија. Мијалков беше назначен во 2022 година за значителна корупција според член 7031(в), а OFAC го санкционираше според Е.О. 14033. Како дел од оваа акција се назначени и членовите на потесното семејство на Груби“ се истакнува во објавата на Стејт департментот.