Комплетно реконструирани спортските игралишта во паркот на Могилата
Во прилепскиот парк на Могилата, комплетно се реконструирани спортските игралишта. Терените сега се целосно обновени и подготвени да им овозможат на нашите сограѓани – особено на младите, квалитетни услови за спорт, дружење и активен живот на отворено.
Како што истакнуваа од Општина Прилеп, игралиштата се реконструирани со помош на приватна компанија.
















