“И старо и младо” на Водици во Прилеп, во црквите се собрало
Денеска на Водици, кога Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата, граѓаните во градот под Марковите Кули, доследни на верата, традиционално како и секоја година ги посетија прилепските црковни храмови.
Денеска, сите православни христински храмови “вриеа од верници”.
Утрово во 09-30 во црквата Св. Благовештение во Прилеп после традиционалното пуштање на гулабите и свечената божествена литургија, симболично се фрли светиот крст во дворот на црквата во постоечката црковна фонтана, а најсреќен од сите беше Марко Ристески.