ВО ЧЕСТ НА ЛИЛЈАНА ЗЕРОСКА: Хуманитарен концерт со Веселите Ѕвончиња, Теди и Рубин бенд, и крводарителска акција
Во чест на Лилјана Зероска – основач на трансфузиолошката служба, и оваа година ќе се одржи хуманитарен концерт и крводарителската акција. Организатори на настанот се Билјана Зероска и Лајонс клубот од Прилеп.
И оваа година, се очекува голем број на граѓани од градот под Марковите Кули уште еднаш да ја покажат својата хуманост преку донации за децата со попреченост од Центарот “Ѕуница” од Прилеп, на концертот кој ќе се одржи пред градскиот часовник во понеделник 09.09.2024 во 19 часот, а на истиот ќе настапат детските музички ѕвезди од Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, “Теди и Рубин”, Филип Николоски, Ѓоко Ѓорчев и многу други.
