|

ЧЕСТИТКИ! Прилепчанец на ракометен натпревар ја запроси неговата девојка од Хрватска

Сподели го ова:


























На ракометниот натпревар во Битола кој пред неколку дена се случи во Битола помеѓу екипите на Фуксе од Берлин и Еурофарм Пелистер, еден наш прилепчанец на уникатен начин ја запроси неговата девојка. Станува збор за прилепчанецот Душко Алексоски кој работи и живее во Германија.

Прилепчанецот Алексоски претходно четири години учел во средното училиште Ѓорги Наумов во Битола, при што често одел на ракометните натпревари во Битола, па врз основа на тоа одлучил неговата сакана за жена да ја побара токму на битолските трибини, каде често ги гледал ракометните натпреварувања во Битола, градот каде што ги поминал средношколските денови.

Информативниот тим на СТАНИЦА.МК упатува искрени честитки до идните младенци, со желби за долг, среќен и благословен заеднички живот!




Сподели го ова:

Слични објави