И битолчани верни на традицијата, вечерва покрај коледарските огнови низ цела Битола
Имено, вечерва во Битола низ “битолските маала” се запалија коледарските огнови, а еден таков коледарски оган беше и оној во Буковски Ливади, каде беше и битолскиот градоначалник Тони Коњановски.
“Денес со големо задоволство го посетив коледарскиот оган во Буковски Ливади место каде што се чуваат обичаите, се негува заедништвото и се пренесува духот на празниците од генерација на генерација.
Ваквите собири не потсетуваат кои сме и колку е важно да ја чуваме нашата традиција.
Нека е за многу години празникот и нека гори огнот на заедништвото!” – порача Коњановски.















