ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!! Божја убавина во црковните дворови ширум нашата земја!

Сподели го ова:
























Христос Воскресе!!! Навистина Воскресе!!! Божјата убавина, вечерва насекаде можеше да се забележи во црковните дворови, каде илјадници граѓани чекаа од страна на свештениците да им ја соопштат убавата радосна вест за Воскресението Христово, веста на која се радуваат и старите и младите, и децата и птиците, веста која што ја слави сето она битие кое е создадено на земјата – од страна на Бог.

Откако беше соопштена оваа радосна вест, граѓаните традиционално како и секоја година, се кршеја со штотуку вапцаните велигденски јајца, за здравје, среќа и успех, а пред се во знак и почит на најголемиот христијански празник “Велигден”. Веднаш потоа, оние кои што ги постеле велигденските пости, останаа на литургија во црквите за да се причестат и да бидат дел од велигденската вечерна литургија, која се очекува вечерва да трае до 02 часот по полноќ.




Сподели го ова:

Слични објави