Градоначалникот Јовчески во посета на спомен куќата на Конески по повод одбележување на 100 годишнината од неговото раѓање

Сподели го ова:
















Во рамки на одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески, денеска Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески заедно со претседателот на Совет, Дејан Проданоски ја посетија родната куќа на великанот Блаже Конески, положувајќи цвеќе пред неговиот споменик во чест на неговиот роденден.

На денешниот настан кој беше организиран од страна на НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп и Фондацијата Небрегово, во домот на Конески во Небрегово присуствуваа претсавници на основните и средни училишта,  на Институтот за старословенска култура и други гости.

По повод одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Конески претсавници од НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп имаа кратко излагање поврзано со животот на Конески и родната куќа кој како значаен споменик на културата, припаѓа на руралната архитектура.

Како што истакнаа претсавници од НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп, куќата на големиот поет и македонист е уредена во духот на архитектонскиот стил од крајот на 19 век, во автентичен стил, дел од собите се адаптирани и уредени како музејски простории и места за културни средби. Артефактите во родната куќа на Конески се бесценети, автентични, добар дел е инвентар кој го користело семејството Конески. Родната куќа на Конески е меморијален и едукативен центар, отворен за поетски и духовни средби и посети.







Сподели го ова:

Слични објави