Општина Прилеп прими донација – амбулантно возило, кое веднаш ќе биде ставено во функција
Денес Општина Прилеп, прими донација – амбулантно возило, кое ќе биде ставено во функција на Општа болница со проширена дејност – Прилеп и како мобилна клиника за потребите на жителите на ромската заедница во населбата Тризла.
Ова е дел од проектот „Обезбедување пристојни услови за живот за ромските домаќинства во Општина Прилеп“, кој го реализираме со ЧЕЛИМ од Милано, НВО Ромски Ресурсен Центар од Скопје и НВО Ромаперспектив од Прилеп, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Амбулантното возило што денес го примаме е директен резултат на заложбите на сите партнери во проектот и потврда дека кога има заедничка волја, можеме да направиме реални и одржливи промени во заедницата. Проектот, како целина, има за цел подобрување на условите за живеење и пристапот до основни услуги во ромската заедница преку легализација и реконструкција на домови, изградба на инфраструктура, образовна и социјална поддршка, како и програми за вработување на млади и жени – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.


















