Крушевскиот градоначалник Нико Чонески не запира! Продолжува со одржување на јавната чистота
И денеска крушевскиот градоначалник Нико Чонески, повторно е на терен во интерес на граѓаните. Денеска презема континуирани активности за чистење и уредување на јавните површини во с.Бучин.

Продолжуваме со активности за одржување на јавната чистота. Екипите на ЈП „Комуна“ и денес се ангажирани на терен, со континуирани активности за чистење и уредување на јавните површини во с.Бучин. Благодариме на граѓаните и ЈП “Комуна” за поддршката и соработката. Заедно создаваме почиста и поуредена заедница – порача Чонески.
















