Градоначалникот Проданоски на Самитот на мрежата на балкански градови – Б40 во Загреб
Денеска прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски заедно со делегација на Општина Прилеп, учествуваше на Самитот на мрежата на балкански градови – Б40 во Загреб, каде што заедно со градоначалници и претставници од регионот разговараа за иднината на нашите градови и за улогата на локалната самоуправа како двигател на развојот.

“Во фокусот на нашето учество се решенија што носат реална промена во секојдневието на граѓаните: одржлив развој и паметни технологии, силна економска соработка меѓу градовите и дигитализација на општинските услуги.
Ваквите средби не се само размена на идеи, туку и можност Прилеп јасно да го позиционираме како модерен, отворен и европски град, подготвен да учи, да соработува и да создава нови можности за своите граѓани.
Силни градови значат силен Балкан.
Продолжуваме одговорно и посветено да работиме за иднината на Прилеп” – порача градоначалникот Проданоски.


















