РАЈСКА УБАВИНА! БИТОЛА ПРЕРАСНУВА ВО ГРАД НА ПАРКОВИ И ДЕТСКА РАДОСТ

Сподели го ова:






























Почитувани сограѓани,

Зад мене е новиот уреден Парк во Нова Битола, кој претставува уште еден чекор во создавањето на поубав, поурбан и позелен град. На оваа површина, која воопшто не беше уредена и одржувана, изградивме целосно нов парк, кој е вистинско место за одмор.

Извршивме хортикултурно и партерно уредување, поставивме нова урбана опрема, спортски и детски реквизити, како и современо осветлување, со што овој дел од градот доби целосно нов изглед и функција. Простор, кој значително придонесува за подобрување на квалитетот на животната средина, а граѓаните од овој дел на градот имаат пријатно катче за дружење, одмор и спортски активности.

На голема радост на најмладите, континуирано се работи на создавање нови детски катчиња за игра и рекреација. Во изминатиот период уредивме неколку детски паркови во населбите Карпош, Долно Оризари, кај Основното училиште „Климент Охридски“, на улиците Север – Југ и Смилевски конгрес, создадовме и ново детско катче во Градскиот парк.

Вистинскиот избор е Битола да биде град на зеленило, уреден јавен простор и среќни деца, затоа што веруваме дека токму ваквите инвестиции се највредната основа за здрава и современа заедница – истакна битолскиот градоначалник Тони Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави