ВИДЕО: Денеска во Прилеп, министерот Трипуновски изврши увид во завршната фаза од откупот на тутунот
Денеска, во општина Прилеп, министерот Трипуновски изврши увид во завршната фаза од откупот на тутунот на неколку откупни пунктови.
Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун, со просечна цена од 419,15 денари за килограм, во вкупна вредност од околу 170 милиони евра, од кои 95,6% се веќе исплатени на тутунопроизводителите кои го предале својот род. Секоја откупна компанија ќе има отворен откупен пункт до крајниот рок за откуп, кој трае до крајот на месец февруари – порача министерот Трипуновски.


















