ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Прилепчани во петок ќе го посетат манастирот “св. Арахангел Михаил” во Варош за време на манастирската слава
На 21 ноември е големиот празник посветен на Светиот Архистратиг Михаил и останатите небесни и бестелесни Сили. По тој повод, прилепчани во петок ќе го посетат манастирот “св. Арахангел Михаил” во Варош за време на манастирската слава.

Православната црква го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на свети Архангел Михаил, кого црквата го смета за главен водач на сите небесни сили. По повод денешниот голем празник, голем дел од прилепчани кои беа да запалт свеќа во овој манастир. Нека е честит големиот христијански празник Св. Архангел Михаил! Среќа, љубов и радост на сите што го празнуваат, а особено на тие што на овој голем ден слават именден и куќна слава. Нека овој празник донесе мир меѓу луѓето и здравје за сите. За многу години!
















