Погледнете! Вчера во Прилеп се одржа годишниот концерт на основното музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“

Вчера во градот под Марковите Кули се одржа годишен концерт на Музичкото основно училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп! Амфитеатарот во „Варош“ беше исполнет со прекрасна музика и многу емоции. Со своите настапи, младите музичари покажаа дека трудот, љубовта кон музиката и посветеноста носат прекрасни резултати.

“Горд сум што Прилеп има вакви талентирани деца и наставници кои секојдневно ја негуваат уметноста и културата.
Ви благодарам и на родителите и на публиката што дојдоа да ги поддржат младите уметници, без вас, немаше да биде иста оваа магична вечер.
Честитки до сите ученици за одличните изведби, до наставниот кадар и раководството за успешната организација и за сè што прават за музичкото образование во нашиот град” – истакна прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.


















