ВАКА ПРАВАТ ВИСТИНСКИТЕ ЏЕНТЕЛМЕНИ: Градоначалникот Јовчески со свежо цвеќе им го честита утрешниот празник на прилепчанки
По повод утрешниот празник Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, денес прилепскиот градоначалник Борче Јовчески посети повеќе институции низ нашиот град и на припадничките на понежниот пол им го честита утрешниот празник со свежо цвеќе
Најпрво ги посетивме корисничките на услуги во Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“, потоа на мое огромно задоволство бевме дел од прекрасната атмосфера во градинката во населба Вишне каде на вработените исто така им поделивме свежо цвеќе со желби за добро здравје и многу плодна работна година, за на крајот да бидеме домаќини на неколку здруженија кои неуморно придонесуваат за афирмација на Прилеп низ Македонија и регионот. Во склоп на оваа посета празникот им го честитавме на вредните жени од здруженијата „Китка“, „Вешта жена“, „Преродба“, „Мајка традиција“ и „Орхидеја“. Уште еднаш Ви го честитам Меѓународниот ден на жената, 8-ми март! – порача Јовчески.