Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри вчера беше во посета на “BIM FOOD”-Прилеп, компанијата која што работи по европски и светски стандарди
Амбасадорот Силвестри вчера беше во посета на Прилеп каде ја посети мешаната италијанско-српска компанија “Bim Food”, која што е лидер во извозот на печурки од нашата земја во Италија и Европа. На средбата, амбасадорот беше пречекан од сопствениците на Bim Food-Милан и Иван Бичанин. Двајцата браќа кои што успешно со години менаџираат со “Bim-Food”, на вчерашната средба италијанскиот амбасадор го запознаа со целокупниот производствен-преработувачки капацитет и со нивниот квалитет на печурките кој што е надалеку познат ширум светот. Кога зборуваме за пазарот во цела Европа, синоним за квалитет и автентичност- кога станува збор за најквалитетна суровина и нејзина преработка со најмодерна технологија, претставува „BIMFOOD“ДОО. Врз основа на нивната долга работна традиција во однос на преработка и пакувањето, денес „BIMFOOD“ДОО преставува една од лидерите за собирање, преработка, пакување и дистрибуција на печурки и останати шумски плодови, како во реонот на нашата земја, така и во самиот Балкан. Колку за потсетување, “Bim Food” минатата година заслужено се најде на листата на ТОП 18 извозници од Прехрамбената Индустрија од нашата земја, при што “Bim Food” влезе во првите 18 најголеми извозни компании од нашата земја, и го освои 11-тото место на оваа листа. Овој голем успех на “Bim Food” е доказ за успешната работа и менаџирање на браќата Милан и Иван Бичанин, кои успешно и квалитетно менаџираат со оваа компанија.