Градоначалникот Јанчев со емотивна објава за Тоше: Ти не беше само гордост на Македонија, туку светлина што го осветлуваше целиот Балкан

Сподели го ова:






























Цел Балкан, и цела наша земја денес се сеќаваат на Тоше Проески кој што точно на денешен ден пред 18 години го загуби животот во сообрајќајната несреќа која што се случи кај Нова Градишка, на патот кон Загреб. Тоше беше, и сеуште остана наш-ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН, а токму тоа денес го истакна и градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, кој на социјалните мрежи сподели негова заедничка слика со Тоше, а веднаш под сликата напиша и една емотивна објава во која се вели:

“Колку и да помине време, тешко е да се поверува дека те нема меѓу нас. Се чини како вчера да ја слушавме твојата насмевка во секој тон, твојата душа во секоја песна. Твојата музика беше повеќе од звук беше утеха, беше надеж, беше љубов и радост.

Тоше, ти не беше само гордост на Македонија, туку светлина што го осветлуваше целиот Балкан. Со твојата добрина, скромност и искреност допре до секое срце. Имав чест да бидеш мој драг пријател, имав чест да те познавам и да соработувам со тебе, чест и спомен што ќе го носам длабоко во себе засекогаш.

Заеднички ја промовиравме македонската музика низ целиот Балкан.

И денес, по 18 години, луѓето те сакаат исто како тогаш. Те слушаат, те чувствуваат, те спомнуваат со солзи, но и со благодарност што постоеше.

Твојата песна не замолкна Тоше, само доби нов ехо во нашите души.

Вечно ќе бидеш дел од нас” – истакна Јанчев со својата објава.




Сподели го ова:

Слични објави