Утре и во четврток, променливо облачно нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Денеска ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност, а максималната температура ќе се движи од 28 до 37 степени.
Меѓутоа, наредните денови (среда и четврток) времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно, проследено со пороен дожд и грмежи. Меѓутоа, веќе од петок следува стабилизирање на времето, и повторно пријатно септемвриско време проследено со целодневни сончеви периоди.


















