Црковниот храм “св.Кирил и Методиј” (Параклис) со важно известување до прилепските верници по повод претстојниот празник “Петковден”

Сподели го ова:


























Следнава недела ни претстои уште еден голем христијански празник “Петковден”, куќната слава на голем број на наши прилепски сограѓани. По повод празникот “Петковден”, и православниот црковен храм “св.Кирил и Методиј”, или попознат како “Параклис”, до сите прилепски верници упатува важно известување кое го објавуваме целосно во прилог на оваа објава:

“Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ.

За претстојната слава, на преподобната Петка (ПЕТКОВДЕН), во храмовите Св. Кирил и Методиј – Параклис, лебчиња ќе се креваат во среда (26.10.2022) во периодот од 7:00 до 17:30 И НА САМИОТ ПРАЗНИК (наредниот ден) во четврток по завршувањето на Божествената Литургија до 10:00 часот и св. Петка во нас. Точила ПРЕТПЛАДНЕ од 07:00 до 12:00 часота, Попладне од 16:00 до 18:00 часот.

Честита слава на сите кои ја чествуваат Св. Петка како закрилничка на нивните домови т. е. домашна слава! – се истакнува во известувањето на православниот црковен храм “св.Кирил и Методиј”-Прилеп.

Нека ни е за многу години и на помош!




Сподели го ова:

Слични објави