Премиера во Прилеп на новогодишната театарска претстава – “Ех, да може во зима – сладолед да има!”

Со доаѓањето на месец декември, започна и новогодишната магија која е официјален предвесник на Новата година – која што веќе е на самиот праг. А на доаѓањето на Новата Година, најмногу се радуваат најмладите, искрени детски срца.
По тој повод, специјално само за најмладата публика во Прилеп, на 21.12.2024 (сабота) со почеток во 12 часот во големата сала во НУЦК Марко Цепенков, погледнете ја ПРЕМИЕРАТА на театарската претстава -ДЕТСКАТА НОВОГОДИШНА БАЈКА СО ДЕДО МРАЗ И НЕГОВИТЕ ПРИЈАТЕЛИ која носи наслов “Ех да може во зима – сладолед да има”, која со сигурност ќе создаде волшебни, новогодишни спомени во секое детско срце.
Сите овие популарни театарски ликови (врз основа на она што можеше да го забележи објективот на нашиот информативен портал “STANICA.MK”), се очекува да изведат атрактивна театарска претстава за деца, која ќе биде во склоп на предновогодишните празници. Доколку и Вие сакате да го проследите овој новогодишен театарски спектакл за деца, тогаш 24/7 може да си резервирате билет на телефонскиот број 078/ 667-797, или пак во игротеките Моја Бајка, Kids Party и Дизни во зграда Табана. Цена на билет: 150 денари.
Напомена: Салата во Цепенков ќе биде топла, а претставата ќе биде целосно озвучена!