Поранешната пратеничка од СДСМ изјави дека се подготвува тужба против државата бидејќи недостига една третина од учебниците
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација подготвува тужба за заштита од дискриминација против МОН заради недостигот на учебници – истакна денеска Весна Бендевска – претседателката на Комисијата.
Комисијата донесе одлука и таа се спроведува. Ќе поднесеме тужба пред граѓанскиот суд за заштита од дискриминација од јавен интерес – заради недостиг на учебници. Она што го констатиравме во своето работење. Во тој случај, Комисијата ќе биде една странка од спорот и започнува со стратешко застапување на интересите на учениците. Нивни интерес е да добиваат квалитетно образование, а тоа значи учебник по секој наставен предмет, во секое одделение и на секој јазик на кој се одвива наставата. Тужена ќе биде државата, односно МОН. Тужбата ја подготвуваме и ќе ја поднесеме заедно со нашите стратешки партнери, Македонското здружение на млади правници – изјави Бендевска.