ООУ „Рампо Левката“ ќе ја започне новата учебна година со нови инвестиции и подобрени услови за учење и работа

Сподели го ова:


























Во пресрет на новата учебна година, Општина Прилеп продолжува со континуитетот на инвестирање во образованието.

Нови инвестиции и подобрување на условите за учење и работа има во ООУ „Рампо Левката“.

Станува збор за целосна рехабилитација на санитарните јазли, училишната библиотека, кабинетот по музичко, нови компјутери во кабинетот по информатика, нови рефлектори во спортската сала, машина за чистење на подови, роло завеси во сите училници и бели магнетни табли.

Како и да е, повеќе од очигледно е дека учениците од ООУ „Рампо Левката“ ќе ја започнат новата учебна година со нови инвестиции и подобрени услови за учење и работа.




Сподели го ова:

Слични објави