Прилепски комуналец започна со средување на влезовите во Прилеп
Комуналните работници по синоќешните обилни дождови мобилизирани да направат генерално чистење пред престојниот Пиво фест. Покрај многубројните проблеми кои ги создадоја силниот ветер и дождот по јавно прометните површини и парковите, комуналците започнаа со средување на влезовите во градов, а при крај е оперативната работа за кастрење на дрворедите.
И за годинашниот фестивал, прилепски,, Комуналец”, ќе биде на задачата да постигне врвна чистота, пред, за време и по завршувањето на Пиво фестот.