Ѓоковиќ пристигна во Македонија!
Новак Ѓоковиќ – најдобриот светски тенисер е омилен кај голем дел од македонскиот народ, а воедно и самиот тој во неколку наврати, истакна дека ја почитува и цени нашата држава како и нашиот народ. Во однос на сето ова претходно наведено, а во очекување на неговата прва посета во Македонија, деновиве во нашата земја беше неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ, преку која што македонскиот народ имаше одлична можност да се запознае со работата на „Фондацијата Новак“ преку неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ. Јелена во Скопје, ја промовираше хуманоста и помошта која заедно ја споделуваат со нејзиниот сопруг- најдобриот светски тенисер!
-Преубави момент со НовакЃоковиќ Фондација во Скопје. Не чуваа како охридски бисери. Ќе се вратиме по уште една доза љубов како за нас така и за вас. Ви благодарам Македонија за убавиот дочек и љубовта, истакна на својот инстаграм профил Јелена.
Гостувањето во Скопје беше дел од „Караванот на љубовта и среќата“, со кој изминатиов период Јелена ја обиколи речиси цела Србија.