Државниот секретар во Министерството за култура и туризам, г-а Марија Станчевска Ѓоргова оствари средба со заменик амбасадорот на Република Грција во нашата земја
Државниот секретар во Министерството за култура и туризам, г-а Марија Станчевска Ѓоргова оствари средба со г-а Christina Vasilatou, заменик амбасадор на Република Грција во нашата земја.
На средбата во просториите на Министерството за култура и туризам се разговараше за унапредување на билатералната соработка во областа на културата, со особен акцент на можностите за заеднички проекти и гостувања во сферата на музичката и сценската уметност. Двете соговорнички ја потенцираа важноста од развој и поддршка на иницијативи кои ќе овозможат размена на уметници, копродукции, организирање на културни манифестации и работилници.
Во тој контекст, беа разгледани и можностите за воспоставување на партнерства помеѓу националните институции за култура, вклучително и соработка помеѓу оперските куќи, балетските ансамбли, музеите и националните театри на двете земји.
Државниот секретар ја нагласи подготвеноста на институциите на Република Северна Македонија за продлабочување на партнерството и меѓусебната почит, додека Заменик амбасадорката изрази интерес за поддршка на нови иницијативи кои ќе придонесат за зближување на граѓаните од двете земји преку културата.
Средбата заврши со заедничка согласност дека културната соработка претставува клучена основа во градењето на стабилни и долгорочни односи меѓу државите.


















