ГАЛЕРИЈА: Повторно блесна пивската фестивалска магија во Прилеп!
Вчера започна “PRILEP BEER WEEKEND” кој ќе трае до 3 септември. Огромна маса на народ од повеќе градови од земјава го преплави градот под Марковите Кули. Со сето ова, повторно блесна пивската фестивалска магија која ги изненади дури и “хејтерите” кои постојано “плукаа” дека оваа година нема да имаме успешен пивски фестивал. Голем дел од тие хејтери кои по социјалните мрежи постојано “плукаа”, вчера ги забележавме на пивските штандови како се освежуваат со точено пиво и уживаат со “високо кренати раце” на пивскиот фестивал по кој претходно плукаа. Очигледно е дека во Прилеп “мајмун не игра”, ама уште поочигледно е дека хејтерите вчера заиграа на “фестивалското оро”, а со тоа потврдија дека сите нивни хејтерски обиди за да пропаднe овој фестивал – останаа безуспешни.
На вчерашната вечер, настапија голем број на познати музички имиња меѓу кои Тропико бенд и Тијана еМ. Вечерва, пивската магија продолжува со познатите Hurricane”, Пајак… Голем број на музички имиња од естрадата, викендов ќе направат вистински спектакл во градот под Марковите Кули.
И оваа вечер Ве покануваме на неповторливо пивско уживање, и одлична забава!